Поранешниот генерал Ратко Младиќ денес во Хашкиот трибунал е осуден на доживотен затвор по обвиненијата за воени злосторства и геноцид.
Тој беше командант на силите на босанските Срби и во Хаг се соочи со 11 обвиненија, меѓу кои и масакрот на повеќе од 7.000 Бошњаци во Сребреница во 1995.
Пред да се изрече пресудата, 74-годишниот бивш генерал беше отстранет од судницата, бидејќи нервозно и со викање се обраќал кон судиите и поротата. Предлогот да се одложи пресудата бил веднаш одбиен.