„МКД“: По 4.000 евра од „колективниот фонд“ на СЈО оделе за подароци за Катица Јанева

„Колективниот“, познат и како „црн фонд“ на СЈО, од кој Катица Јанева побара пари преку ново писмо од притвор, постоел најмалку 3 години, а во него суми од месечните придонеси издвојувале сите вработени – 11-те обвинители по 3.000 денари, а останатите 110 вработени по 1.000 денари, велат извори од СЈО за повеќе медиуми.

Меѓутоа, според извори на „МКД.мк“, не секој добил од парите, кои биле наменети и за приватни потреби на вработените, како што било договорено.

Од друга страна, вработените во СЈО одвојувале дополнителни суми за родендените на доскорешната шефица Катица Јанева, како и за годишнините од постоењето на институцијата. Според „МКД.мк“, тогаш се собирале по плус 2.000 денари, а за подароците за Јанева биле вкупно собирани по околу 4.000 евра. Повеќе детали ТУКА.

 

 

- Реклама -