„МКД.мк“: Каракачанов демантира дека рекол дека Бугарија се откажува од Камчев за конзул

„Бугарија се откажа од номинацијата на Камчев за почесен конзул“ – со ваков наслов „Канал 5“ објави дел од интервјуто со бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана – Красимир Каракачанов. Меѓутоа, ваквиот наслов е погрешен, тврдат во демантот од кабинетот на Каракачанов, објави „МКД.мк“.

„Ве молам да бидете коректни и да не ширите невистини“, се вели во демантот од Каракачанов, во кој се истакнува дека во интервјуто тој никаде не го вели посоченото и истото го има само во насловот, а не и во текстот, ниту во видео записот објавен од „Канал 5“.

„Минатата година Камчев беше номиниран за бугарски почесен конзул, со аргумент дека тој е човек кој економски е многу влијателен, има свој авторитет во Македонија. Но кога македонските власти не ја поддржаа таа идеја, како што гледате Бугарија не го отвори тоа прашање, бидејќи како што гледате се работи за граѓанин на Р. Македонија. Инаку Бугарија го номинира, но кога Македонија кажа дека тој не е прифатлив за нас, нема проблем, ние го почитуваме вашето мислење, на крајот на краиштата“, изјави Каракачанов во интервјуто на „Канал 5“.

- Реклама -