Минувачите во Охрид добиваат рекламен леток за помоција на новата апликација MK Guide изработена од Факултетот за информатички науки и компјутерско инжинерство (ФИНКИ) од Скопје во соработка со Факултетот за туризам и угостителство од Охрид.
Апликацијата ги содржи културните знаменитости на градот. Наменета е за домашните и странските туристи како и за сите кои сакаат да дознаат нешто повеќе за одреден објект од културно значење за Охрид.
Апликацијата работи на тој начин што корисникот го насочува уредот кон објектот и добива информации за неговата историја и значење.
Апликацијата е достапна во само во Google Play, а линкот за симнување може да се најде на самиот леток.
Текстот е објавен во соработка со SocialNet.Mk