Рашела Мизрахи кандидат за пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ му постави низа прашања на министерот за здравство Венко Филипче:
,,Здравствената состојба на сите 7 пациенти кои се позитивни на корона вирусот е стабилна”, пишува на Твитер, денес министерот Филипче, како и дека ќе одржат состанок со Комисијата за заразни болести!?
Апелираме до Министерот наместо да врши функција на портпарол на Мнистерството да се зафати со неговата министерска должност.
Дали Министерството има направено статистичка анализа согласно податоците добиени од Светската здравствена организација, по однос на можноста за ширење, брзината како и начинот на превенција на истата?
Министерството за здравство во случај на умерена пандемија мора да има и пресметка за финансиски импликации кои би произлегле од можните решенија за справување со истата.
Покрај ова користејќи ја владината говорница за политички флоскули и изјави на разочараност од кадарот кој самиот тој го одбрал и поставил потребно е Министерот да даде јасен одговор на неколку прашања:
Дали има доволно реагенси за тестирање на корона вирусот? Дали има доволно болнички кревети? Дали има доволно персонал за заболените кои се во изолација Дали имаме доволно капацитети и ресурси кои ни се потребни за да бидеме подготвени, а не пресретнати?
Дали има доволно простории за изолација? Дали има доволно соодветни маски? Каде се протоколите за проследување на суспектните?
Го прашуваме Министерот дали здравствените работници имаат доволно опрема за заштита во секоја здравствена институција?
Во здравството нема и не смее да има политика.Централната комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ се понудува за соработка и помош, а сѐ со цел ставање на располагање на сите човечки и материјални ресурси, кои во овој момент сметаме се и повеќе од потребни.
Неприфаќањето на подадената рака е доказ за лицемерието на овие партиски послушници – ,,партијата е за нив над здравјето на нашите граѓани”.
Истиот министер Филипче пред некој ден зборува за разумност. Министре Ве прашуваме, колкав број на заболени треба да има за да почнете да работите, а не само да пишувате на Твитер? Одговорност мора да има!”