Мицубиши развива нов револуционерен систем на трепкачи

1486699891392068496[1]

Позиционирани на четирите агли на возилото, трепкачите обично се повеќе видливи за другите возачи отколку за пешаците кои се обидуваат да ја преминат улицата. Затоа, Mitsubishi Electric развива нов систем за сигнализација, кој ќе ја проектира замислената траекторија на возилото на самиот пат, правејќи ја повоочлива за сите во близина.

Потсетува на Light Carpet технологијата на BMW, но проекторите на Мицубиши ќе ја индицираат насоката кон која возилото се движи – напред, назад, лево, десно, како и моментот пред возачот да ја отвори вратата. Секој велосипедист што некогаш завршил во ненадејно отворена автомобилска врата сигурно ќе го цени тоа, а оние што ја немале таа несреќа – уште повеќе.

Проекторите се од типот LED, што значи дека минимално ќе го оптеретуваат електричниот систем на возилото, а за возврат се очекува значително да го намалат бројот на сообраќајни несреќи, судири, особено ако се активираат автоматски, со што би се спречило и ненајавеното престројување во друга лента.

- Реклама -