Фејсбук статус на Ивор Мицковски
Македонија е една од ретките земји која го демантираше мотото на Вашингтон Пост: Демократијата умира во мракот. А сепак, барем во овие 5-6 години, особено новинарите кои се бават со правда и истражување, произведоа илјадници страници, стотици прилози за скандалите, процесите, злосторствата.
Еве денес гледаме Грујо ќе се спасувал од Траекторија, со Стевче не знаат што ќе прават, Катица била час на едни, час на други, сѐ е прашање на дилови и договори. Политички, да се разбереме!
Што кажува сѐ ова. Дека ние сме редок пример како можеш да транзитираш од режим во демократура со мање више истите луѓе, истата администрација, истите раководни и владини функционери само со нови дресови, со истата неказнивост за вистинските криминалци, и се тоа да го направиш пред очите на јавноста, и уште да се преставуваш како херој или борец.
Каков мрак, во мрак се кријат неколку чесни веројатно, овде сѐ е на виделина, и така си функционира со децении. Се нема срам пред ниедно старо ветување, пред ниеден нов криминал, општеството си транзитира, без системот минимално да биде начнат, допрен, демонтиран. Демократија умира на светлината на денот.