Мицкоски за спотот со свиткани кичми: Ги разбирам СДСМ дека им е тешко да гледаат што направија

Тешка, мачна и понижувачка е реалноста во која живеат македонските граѓани, а спотот со свитканите кичми на ВМРО-ДПМНЕ го отсликува единственото ветување што Зоран Заев го исполнил откако функционира на политичката сцена – ветувањето 2008 година дека треба да си ја свиткаме кичмата, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за МИА, прашан за реакциите околу видеото „Исправи се Македонијо“ и дали се пресметан ризик гласовите што опозицијата би ги изгубила поради ваквите политички рекламни спотови.

Мицкоски, меѓутоа, не е убеден дека спотот ќе го чини гласови, напротив. Тоа, вели, ќе го видиме на 15 јули.

Што се однесува до самите реакции, посебно доминантни од одредени кругови, Мицкоски изрази разбирање за СДСМ – тешко е да се соочите со реалноста, вели, но бегањето од неа не ве прави подобар човек:

 

„Инаку, да, јас ги разбирам и СДСМ и Зоран Заев – тешко е и мачно е да се гледа тоа што го направија изминативе три години. Но затоа сме тука да понудиме практично алтернатива на она што го стори СДСМ изминативе три години со сите оние понижувања, лаги, невистини, конструкции, криминал, корупции, Луј Витон ташни, трас-трас судски одлуки. Гледаме таму еден поранешен функционер од Владата предводена од СДСМ како купчиња си реди слободно во чанта. Тоа е она што е тешко да се гледа и на тоа се губат гласови, а инаку ова е реалноста што ни ја најави Зоран Заев – дека треба да си ја свиткаме кичмата. Но, среќа е, не треба граѓаните да губат надеж. Има алтернатива и свитканата кичма ќе остане само запаметена по времето на Зоран Заев. Во иднина ќе имаме гордо крената глава“, вели Мицкоски во интервјуто.

Прочитајте и:  Мицкоски: Владата ја поддржа кандидатурата на Шекеринска за заменик генерален секретар на НАТО, се слушнавме и по телефон
- Реклама -