Мицкоски: Власта ќе носи нов закон за заштита на деловни тајни за да си го покрие криминалот со коридорите 8 и 10д

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, изјави дека бил информиран дека власта подготвува нов закон со кој се заштитуваат деловните тајни, но сè уште го нема добиено. Тој смета дека овој закон е поврзан со проектот за изградба на автопатските делници од Коридорите 8 и 10д.

„Мислам дека тоа е поврзано со еден проект, за којшто велеа дека е деловна тајна, а ние велевме дека не е деловна тајна, а тоа е проектот за изградба на делниците 8 и 10д. Таму се фатени буквално во сериозен криминал и сега се трудат сето тоа како да го покријат и претпоставувам во ова брзање ќе донесат таков закон“, вели Мицкоски.

Прочитајте и:  Мицкоски: Ахмети и ДУИ стануваат фактор на нестабилност на дневна основа, но Албанците се свесни што правеа додека беа на власт

Ваков закон, дополни тој, „нема така да помине, доколку не е злоупотребено европското знаменце“.

„Ако го злоупотребат повторно европското знаменце, тогаш со промената следната влада има сериозна намера сето тоа да го корегира“, рече Мицкоски од Лозово, каде е во посета во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените!“.

МИА

- Реклама -