Мицкоски до Советот на американски амбасадори: Уставни измени под бугарски диктат нема да има

„Местото на Македонија е во Европската Унија, но за Македонија треба да важат истите услови како и за останатите земји членки, односно патот на земјава во ЕУ треба да биде базиран на Копенхашките критериуми и без дополнителни услови“, порачал претседателот на ВМРО-ДПМНЕ – Христијан Мицкоски, на денешната средба со Советот на американски амбасадори, за време на нивната посета во земјава.

На средбата се разговарало за актуелната политичка и економска ситуација, како и за евроинтеграциите. Во тој контекст, Мицкоски истакнал дека „уставни измени во овој пратенички состав, под бугарски диктат и во овие околности, нема да има“, информираше тој на Фејсбук.

Меѓу другото, како што додава Мицкоски, се заблагодарил и на поддршката што Македонија ја добива од САД, при што посочил дека соработката и во иднина треба да продолжи.

Прочитајте и:  Борел: Трамп на чело на САД не е крај на светот, туку почеток на нов, поинаков
- Реклама -