Мицкоски позитивен на Ковид-19, откажана посетата на општина Маврово-Ростуше

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ја откажа посетата на општина Маврово-Ростише поради појава на симптоми на КОВИД-19 и добиен позитивен резултат на брз антигенски тест.

„Ве известуваме дека посетата и настанот на претседателот Христијан Мицкоски во општина Маврово- Ростуше закажани за денеска во 17:45 се откажани. Причина за откажување е развивањето на симптоми од Ковид 19 на претседателот на партијата Мицкоски, при што беше направен брз антигенски тест, каде што истиот беше позитивен“, информираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму додаваат дека во текот на денот Мицкоски ќе биде тестиран со ПЦР тест за Ковид-19.

Прочитајте и:  Мицкоски: За македонската економија оваа зима има два предизвика
- Реклама -