Мицкоски обвинува: Се подготвува најголемата пљачка во поновата историја на Македонија

Денес Зоран Заев без никаков план и без никаква методологија ќе најави инвестициски циклус од ни помалку, ни повеќе, туку точно 5 милијарди евра, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ – Христијан Мицкоски на Фејсбук, обвинувајќи дека се подготвува најголемата пљачка во поновата историја на Република Македонија.

Тој предупреди дека парите за инвестициониот циклус од 5 милијарди евра што го најави премиерот Зоран Заев ќе бидат обезбедени преку заеми и истите ќе ги плаќаат граѓаните, со што Македонија ќе биде втурната во должничко сценарио. Како доказ, Мицкоски ги приложи фотографиите подоле во постот (кликнете на „See more“).

Тој обвини и дека и изградбата на новиот Клинички центар е обид за пљачка и богатење на „тие истите што и сега блескаат“, притоа посочувајќи дека Заев го променил законот за јавни набавки и потоа го укинал критериумот најниска цена, ставајќи акцент на, како што вели Мицкоски, субјективната категорија – квалитет.

Прочитајте и:  Мицкоски за Денот на албанската азбука: Писменоста и образованието не се луксуз, тие се основни права и патот до трансформација на општеството

 

- Реклама -