Mицкоски: “Нека не праќаат емисари за да бараат прошка, сите до еден ќе одговараат”

Вечерва бев на роденденот на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп. А Прилеп секогаш најверно се борел за слободата. Меѓу првите се кревал на пркост и отпор спрема неправдите, така било отсекогаш. Денес живееме во време кога не е проблем што системот лошо функционира, туку главен проблем е што систем воопшто нема. А тој е атрофиран, ослабен до точка на недејствување затоа што криминалци го водат.

Нема друга држава каде власта наместо во борба против корупција води борба за заштита на криминалот. И додека криминалниот октопод блеска, владата непропушта да удира по идентитетот, историјата, иднината, по џебот на граѓаните. Наша обврска е тоа да го промениме.

Прилеп е на нозе, Прилеп се крева против неправдите, и Прилеп ќе победи затоа што за Македонија се работи. Честит роденден ОК на ВМРО ДПМНЕ Прилеп, заеднички да се избориме за Обнова на Македонија, напиша на својот Фејсбук профил Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

- Реклама -