Мицкоски: Нека кажат дека Законот за обвинителство го носат за амнестија на Заев

Законот е проитвуставен, во спротивност со кривичниот закон, не обезбедува борба против корупцијата, туку заштита на криминалот, и ќе значи само продолжување на легализираниот криминал на СЈО во формата на ОЈО, вели Мицкоски во интервјуто за Прес 24.

– „Нека бидат искрени и да кажат дека законот за обвинителство го носат за амнестија на Заев. Тие сакаат и понатаму да постои една Рускоска која ќе обвинува на повик од Заев, Јовески кој ќе заштитува и Кацарска која ќе суди. Па токму за неа гледаме како сведочат дека ургирала за предмети, за судијката Дика како има обвинувања дека перела пари и за целокупната останата болумента на Заев во судството која е корумпирана до гуша. Овој закон на СДСМ е да се продолжи уривањето на правниот систем кој сака да го прави Заев. Е тоа нема да помине. Законот е проитвуставен, во спротивност со кривичниот закон, не обезбедува борба против корупцијата, туку заштита на криминалот, и ќе значи само продолжување на легализираниот криминал на СЈО во формата на ОЈО. Нашите црвени линии се закон кој е во согласност со Уставот, применлив и ќе обезбеди незавинсост на обвинителството и непристрасна борба против криминалот. Ако се на ова подготвени СДСМ може да се изгласа законот веднаш,“ наведува Мицковски.

Мицковски смета дека законот за јавно обвинителство на СДСМ е да продолжи уривањето на правниот систем, како и дека е противуставен, во спротивност со кривичниот закон и не обезбедува борба против корупцијата, туку заштита на криминалот, а ќе значи, како што вели, само продолжување на легализираниот криминал на Специјалното јавно обвинителство во формата на Основното јавно обвинителство.

Повеќе на Прес 24

- Реклама -