Мицкоски на протест пред Собрание, обраќањето закажано за во 16.30 часот (ВО ЖИВО)

Од пред повеќе од еден час, меѓу демонстрантите пред Собранието е и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ – Христијан Мицкоски. Во друштво е на пратеници и високи партиски функционери, како од актуелниот, така и од претходниот состав.

Мицкоски пред Собранието даваше изјава на англиски, а обраќањето до демонстрантите и јавноста – кое беше најавено вчера, во договор со новинарите е закажано за во 16.30 часот. Сепак, можно е да има доцнење, бидејќи се чека и да почне парламентарната седница.

Во изјавата Мицкоски порача дека е засрамен од сето ова што се случува во Македонија и македонското Собрание и дека тоа не потсетува на демократска земја. Порача дека тие како пратеничка група се надвор од истото за да протестираат против тоа што се случува внатре.

Прочитајте и:  Мицкоски за барањето на Ахмети: Косово да интервенира кај уставните судии кои ДУИ и СДСМ ги избраа? Шокантно

Обраќањето до демонстрантите и македонската јавност можете да го следите во живо, во видеото во продолжение:

 

- Реклама -