Мицкоски: На луѓето не им се верува дека некој македонски политичар може да стави потпис на таков документ

„Пред овој настан баш бев во таква баш научна институција, го завршувавме семестарот и имав можност да разговарам со други научни работници и инженери, не лингвисти, но луѓе кои што животот го посветиле на истражување на македонскиот јазик. Но, овие се инженери и онака со згрозување гледаат буквално на тоа што се случуваше изминатите денови. Просто на луѓето не им се верува дека некој македонски политичар може да стави потпис на таков документ како што стави оваа Влада“, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ – Христијан Мицкоски, при посетата на Општина Аеродром, прашан за коментар за реакциите на лингвистите/македонистите во врска со унилатералната изјава на Владата до ЕУ за македонскиот јазик.

„Посебно се потресени од едностраната изјава на Владата за значењето на македонскиот јазик. И не знам зошто е потребно македонската Влада да го појаснува македонскиот јазик, да го дополнува итн., кога македонскиот јазик има своја јасна антропологија уште во времето на многу преродбеници во минатото и кодифициран и стандардизиран“, додаде Мицкоски.

Прочитајте и:  Петрушевски: Љупчо Дон Николовски потрошил 976.199 денари на кафеани и ресторани како министер за земјоделие

Тој ја оцени целокупната актуелна ситуација како „шокантна“, потенцирајќи дека ВМРО-ДПМНЕ, кога ќе ја преземе власта, ќе има многу време за корегирање, но и за да ги изведе пред одговорност политичарите кои треба да одговараат.

„Ако некој мисли дека ќе се заборави и дека секоја работа ќе трае два-три дена, се лажат. Ова длабоко ќе остане врежано во меморијата на секој Македонец, но и во нашата. И наша обврска е да им го поставиме вака во лице уште еднашка ова прашање кога ќе дојде денот. Сега нормално, при ова заробено судство, обвинителство, органи на прогон, тешко дека може нешто да се направи. Но, многу скоро ќе дојде тој ден кога ќе треба да дадат одговори зошто беше потребно сево ова“, рече Мицкоски.

- Реклама -