Мицкоски: Кога немаа ниту една вакцина – не сакале да експериментираат, сега внимавале да не набават повеќе?

„Кога немаа ниту една вакцина, велеа дека не сакале да се помисли дека прават експерименти врз народот. Сега кога има само неколку добиени како донација од соседна Србија, велат дека внимавале да не добиеме повеќе од што ни треба“, реагира лидерот на ВМРО-ДПМНЕ – Христијан Мицкоски, по денешната изјава на премиерот Зоран Заев, прашан за руската вакцина и зошто Владата не набавува од истата.

Според Мицкоски, токму власта, предводена од Заев, е виновна за недостатокот од вакцини:

„Заев, цел свет ти се смее, црна дупка ја направи државата.
Една вакцина како премиер сам не си набавил. Да не беше помошта од Србија, ниту докторите немаше да можат да се вакцинираат. Срамота!“, му порача Мицкоски на Фејсбук.

Прочитајте и:  Мицкоски: Законот за јазиците мора да се почитува, но треба и да се зголемат капацитетите во министерствата

- Реклама -