Мицкоски: Заев сакаше да испровоцира проблем со полицијата за Рамазан Бајрам, карантинот заврши со отворање на рестораните

На денешната прес-конференција, покрај обвинувањата до Заев/СДСМ и власта дека глумеле нормализирање со цел брзи избори и покрај барањето за разрешување на Комисијата за заразни болести, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ги адресираше и нападите од Заев и СДСМ на негова и адреса на министерот за внатрешни работи Наќе Чулев:

„Ќе кажам збор два и за она салто мортале кое го прави Заев и промена на реториката за 180 степени, каде од фалење дека најсупешно се справувале со кризата сега велат дека виновен бил народот. А тук таму Наќе и јас, за да биде целото бегство од одговорност комплетно и истата да се префрли на друг и сето тоа да добие политичка примеса.

Би рекол, какво само потценување од Заев кон народот и оживување на онаа нивна позната за СДСМ препознатлива теза дека народот греши. Вистината е дека не е виновен народот, туку лошо водениот систем, а Наќе Чулев е професионалец кој спроведува одлуки од Владата и за жал од онаа политизираната комисија за заразни болести. Работата на Чулев не е да му се допадне на Заев, тоа најмалку и на него и на мени ни е потребно туку да брка криминалци и спроведува закони. Е тука Зоран Заев има вистински проблем и со мене и со господинот Наќе Чулев“, рече Мицкоски.

Тој ги предупреди СДСМ и власта да внимаваат со нападите кон припадниците на Министерството за внатрешни работи, бидејќи тоа, рече, е напад на 10 илјади припадници на МВР кои пожртвувано и храбро беа на улиците кога ограничувањето на движењето на граѓаните беше во сила, одржувајќи ред и мир и ризикувајќи ги своите животи, додавајќи:

„А само ќе потсетам и на редицата други предизвици за овие луѓе кои 66 дена беа во првата линија во борбата против Ковид 19. Ќе потсетам и на тоа дека Заев мислејќи дека со измама ќе добие албански гласови сакаше да провоцира проблем со полицијата за време на Рамазан Бајрам, како и седењето 48 часа дома затоа што било опасно, а кое заврши со отворање на рестораните и укинување на полицискиот час ден потоа, затоа што според власта сѐ се средило, па потоа гостите во истите тие ресторани беа виновни.

Прочитајте и:  Мицкоски разочаран од новото раководство на СДСМ

Ќе потсетам и на политизацијата на литијата во Струга, а да не зборам и за онаа неразбирлива мерка за превоз за пензионерите ризикувајќи ги нивните животи како и редица нелогични одлуки“, рече Мицкоски порачувајќи дека не треба да работите не треба да се релативизираат работите бидејќи се премногу сериозни.

„Кога го отворив проблемот дека малку се тестира затоа што излезот е масовно тестирање бев брутално, повторувам, брутално нападнат. Кога кажав дека земјава најлошо се справува со Ковид 19 и е на врвот во регионот по смртност излезе ресорниот министер Филипче да каже дека не било точно и дека јас не ја говорам вистината. Кога по лидерската кај Пендаровски се извинив на жртвите од Ковид пандемијата затоа што ние збориме за избори кога дваесетина имаме ново заразени на дневна основа, Заев лицемерно се изнасмеа. Но сѐ што кажав се покажа за точно. Затоа нека не ги повторуваат грешките кои им се повторуваат како фарса“, рече Мицкоски, уверувајќи дека ВМРО-ДПМНЕ е различно и дека има зошто граѓаните да ѝ веруваат на оваа партија.

„Остануваме заедно со народот да ги пребродиме овие сериозни моменти. Ќе предлагаме мерки кои се сериозни и издржни. И се ставаме целосно во зашита на здравјето на граѓаните, со сите наши сили“, заврши Мицкоски.

- Реклама -