Мицкоски: „Кај Ковачевски проработел Фројд“

„Кај Ковачевски проработел Фројд“, оцени лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, прашан за изјавата на премиерот дека во опозициската партија „има еден мал и еден голем Груевски“.

Истовремено, Мицкоски му порача на Ковачевски дека „малите работи што му претставуваат фрустрација, ќе мора да ги носи цел живот“.

„Би го советувал тие мали работи коишто претпоставувам го фрустрираат него, не треба да го фрустрираат. Треба да гледа од позитивната страна, бидејќи уште малку време ќе биде таму каде што е и ќе замине од таму, а некои мали работи што му претставуваат фрустрација, за жал, ќе мора цел живот да ги носи со себе“, порача Мицкоски.

Прочитајте и:  Мицкоски: Кога ќе имаме потреба од 80 гласа во Парламентот, ќе се покаже кои се пратениците
- Реклама -