На „цензура како во најлошите времиња на комунистичките режими“ се пожали лидерот на ВМРО-ДПМНЕ – Христијан Мицкоски, на социјалните мрежи.
Тој соопшти дека утре требало да гостува на националната ТВ „Телма“, но интервјуто е откажано. Како што тврди Мицкоски, бил известен дека „уредништвото на телевизијата не е среќно да се чуе гласот на најголемата политичка партија“.
„Причините може да се претпостават. Ова е само приказ за еден брутален недемократски атак кој има функција да го прикрие стравот на Заев и власта и да ја замолкне опозицијата.
Три години измислуваат, констриураат, напаѓаат и лажат, а сега и ме цензурираат. Но тоа нема да ме спречи да продолжам да ја говорам вистината, да ги поддржувам новинарите кои ја сакаат вистината и да бидам на страна на народот.
Некој сака земја во која нема опозиција. Но нема да престане да има луѓе кои мислат со своја глава. Најголем доказ дека власта е изгубена, ранлива и дезориентирана. Жалам, но не повеќе!“, порача Мицкоски.