Мицкоски ги повика граѓаните масовно да излезат и да гласаат:: „Изборите не се избор меѓу Европа и излоација“

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ги повика сите граѓани масовно да излезат на следните избори и да одлучат во каква држава сакаат да живеат, нагласувајќи дека дека ова не се избори помеѓу Европа и изолација, како што вели власта, туку дека двојните избори годинава се одлука на граѓаните во Македонија помеѓу Али Ахмети, Артан Груби, Бујар Османи, Зечевиќ, Маричиќ, Пендаровски и Ковачевски од едната страна и ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

Секоја друга, трета опција или седење дома е директно гласање за првата група, а тоа се Али Ахмети, Артан Груби, Бујар Османи, Зечевиќ, Маричиќ, Пендаровски и Ковачевски. Ги повикувам сите граѓани масовно да излезат на следните избори, да земат учество и да одлучат во каква држава сакаат да живеат, рече Мицкоски.

Отфрлајќи ја тезата на СДСМ дека доколку ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт земјата ќе оди во изолација, Мицкоски кажа дека тие „шест и пол години ја продаваат оваа шарена лага“, дека потпишале се што им било ставено на маса и не само што не го заштитиле националниот и државен интерес, туку дополнително го оштетиле и им отежнале на генерациите кои доаѓаат.

Прочитајте и:  Мицкоски: На реториката на ДУИ не треба да ѝ се дава значење, како стигнуваме до криминалот ќе станува уште пожестока

-Ги нарушија сите преговарачки позиции на Македонија и за сметка на тоа не добија ништо. Дури и ова последново што беше потпишано и наречено француски предлог е лага и тоа е една голема лага дека е практично договор за членство во ЕУ. Не, ова е договор со којшто дополнително ќе се отвори процесот на дополнителни, би рекол, условувања и ќе го направи самиот пат невозможен за Македонија и македонските граѓани, така што овие шест и половина години не само што не ја донесоа Европа, туку не оддалечија во смисла на тоа дека нивото и степен на криминал и корупција се од епски размери и највисоки во Европа, економски уназадувавме наместо да одиме на напред, рече Мицкоски.

Како пример посочи на ветувањето за раст на БДП просечен од 5 проценти, но дека во 2023 имало најнизок раст во регионот со едвај 0,9 проценти.

-Така што, не само што не ја донесоа Европа како што кажав, туку и ја одалечија Македонија од Европа, овие избори не се избор помеѓу Европа и изолација.

- Реклама -