Мицкоски: ДУИ да ги надмине своите милитантни однесувања и барем еднаш да застане зад интересот на Македонците

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ – Христијан Мицкоски, очекува „ДУИ да ги надмине своите милитантни однесувања и барем еднаш да застане зад интересот на нивните сограѓани – Македонците, како мнозинска заедница“.

Во интервју за „Вечер“ (кое целосно ќе биде објавено утре), Мицкоски порача и повика дека наместо да се гледаат личните интереси и интересите на соседните држави, треба да се гледаат интересите тука внатре, во нашата Македонија. „Тоа се интересите на мнозинскиот, македонскиот народ“, вели тој.

За потсетување, денеска ДУИ ја одби Резолуцијата предложена од ВМРО-ДПМНЕ за утврдување на македонските „црвени линии“ во спорот со Бугарија.

Прочитајте и:  ВЛЕН: Секојдневно се разоткриваат лагите на ДУИ
- Реклама -