Мицкоски: Честитки за мудроста, бранењето на нашиот идентитет и премостените децениски јазови за Синодот и неговото блаженство г.г. Стефан

Ова е голем ден за нашата света Македонска Православна Црква – Охридската Архиепископија, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ – Христијан Мицкоски, откако денеска српскиот патријарх Порфириј, на заедничката литургија во Соборниот храм во Скопје, соопшти дека СПЦ ја признава автокефалноста на МПЦ-ОА.

„Нашата црква мора да е обединета, нашиот Синод, свештеството, исто како што мора да биде обединет и нашиот народ, и тогаш сите искушенија, бури и премрежја ќе бидат премостливи. Да продолжиме да чекориме обединето“, порача Мицкоски.

Тој им честита на Синодот и неговото блаженство г.г. Стефан за, како што рече, „мудроста, обединетоста и достојноста… за градењето на мостови, за бранењето на нашиот идентитет и вредности во кои веруваме, за премостените децениски и вековни јазови“.

Прочитајте и:  Мицкоски на работен ручек со Фон дер Лајен и колегите од Западен Балкан

„По одлуката на Вселенската патријаршија, како и оваа денес, сведоци сме на историја важна за нашиот народ и нашата Македонија! Нека е за многу години!“, додаде Мицкоски.

- Реклама -