Мицкоски алармира и апелира хронично болните да бидат ослободени од работа

„Поради високата загаденост на воздухот, паралелно со пандемијата од Ковид-19, апелирам до Владата, министерот за здравство Филипче и до политичката комисија за заразни болести, хронично болните да се ослободат од работа. Посебно тие со белодробни заболувања“, побара денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ – Христијан Мицкоски, на Фејсбук.

Тој посочува дека, според тврдењата на самите институции, 80% од починатите имале хронична болест.

„Бројот на починати на дневна основа кажува колку е алармантна состојбата“, потенцира Мицкоски, сугерирајќи дека ослободувањето на хронично болните од работа ќе значи спасени животи.

„Починатите не се само бројка, тоа се луѓе, судбини, семејства завиени во црно. Да спасиме живот, ја имаме таа можност!“, порача лидерот на најголемата опозициска партија до властите.

Прочитајте и:  Мицкоски: Законот за јазиците мора да се почитува, но треба и да се зголемат капацитетите во министерствата

- Реклама -