Мицкоски: Ако владата најде решение и ги зачува националните интереси, прв ќе им ја стегнам раката, но ако ги загрози, ќе им се случи народ низ цела Македонија

„Ако Владата постигне решение, внимателно ќе повторам, ако владата постигне решение недвосмислено заштитувајќи го нашиот македонски јазик и неговата антропологија и историја, ако владата постигне решение а притоа да не се откаже од македонското малцинство кај нашиот источен сосед, ако владата постигне решение во кое што ќе ги заштити историјата, имињата и жртвата на дејците кои што животот го положија за независна македонска држава, ако владата постигне решение во кое што нема окупаторите да бидат административци, тогаш јас ќе бидам првиот кој што ќе застанам овде пред вас и ќе им честитам и ќе им ја стегнам раката, и ќе им речам ‘секоја чест, ги запазивте и одбранивте македонските национални интереси’.

Но, во исто време предупредувам, ако владата се обидува да преговара за решение кое што ќе го негира нашиот идентитет, историјата, антропологијата на нашиот македонски јазик, неговата посебност, во кое што ќе ги понижи жртвите на македонските дејци кои што се бореа за независна македонска современа држава, ако во исто време преговара за решение со кое што ќе се откаже од македонското малцинство кај нашиот источен сосед, ако во исто време преговара за решение кое што подразбира дека окупаторот бил административец, тогаш јас ви ветувам ќе им се случи народ истиот ден низ цела Македонија“, порача лидерот на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ – Христијан Мицкоски.

„Нема Mакедонец, ниту било кој граѓанин што и малку ја чуствуваа оваа земја како своја, што не се чувствува понижено и навредено од сите оние изјави дека народот ни бил вештачки, дека јазикот е дрво без корен, туку така измислен во ’45-тата година, дека нашите свети борци за слобода биле Бугари и што ли уште не. Сега треба да се правиме отсутни од реалноста и историските факти и да прифатиме дека тука имало бугарска администрација, а не окупаторска војска, фашистите да ги направиме административци и што ли уште не.

Тоа боли, но уште повеќе боли тоа што владата и Заев молчи на сето ова и не одговара ниту демантира. Јас ги разбирам оние бесцелни прес конференции на министерот за надворешни работи и Зоран Заев кога велат дека му даваат шанси на процесот, но исто треба да бидат свесни и отчетни пред граѓаните и да кажат за што преговараат и кои се тие седум-осум точки по кои што постигнале напредок.

Прочитајте и:  ВМРО-ДПМНЕ: ЈО веднаш да постапи по Извештајот на ДЗР и да истражи каде завршиле над 200 илјади евра од Детска клиника

Згора на тоа сведоци сме и на таен нон-пејпер кој Владата не го коментира, ама го прифатила и притоа не објаснува во чие име тоа го направила и со кого се консултирала за сето ова.

Главниот проблем е што и тогаш, и денес кога се приближуваме во последните денови од финалните разговори, Заев и владата преговараат без притоа да имаме општ политички консензус внатре за едно вакво важно прашање.

И затоа, меѓу другото, барав лидерска средба на која ќе дискутираме и за преговорите со Бугарија и затоа беше важно заеднички да настапиме, зашто не може еден човек да разговара во името на сите и да мисли дека може да прифаќа нон пејпери кои никогаш не сме ги анализирале“, порача Мицкоски.

Како што истакна тој, ставот на ВМРО-ДПМНЕ е „чист како солза“.

„Ние како ВМРО-ДПМНЕ немаме намера да прифатиме компромис кој не асимилира, немаме намера да свиткаме кичма.

А и ти, Заев, те повикувам барем еднаш, еднаш во твоето политичко функционирање, да не подвиткуваш кичма. Барем еднаш, направи спротивно од сѐ што правиш досега, и исправи се барем еднаш. Ние како нација и држава не можеме да прифатиме да се самопорекнеме, или самоодречеме по секоја цена, јас би рекол по ниту една цена.

Мора некогаш да се каже доста е на лазењето по нерви и навредливата реторика во која ние Македонците ќе се повлекуваме и постојано ќе губиме. Доста е од тоа како држава да даваме сѐ, а да не добиеме барем малку. Не смееме да прифатиме да се самоизбришеме“, порача Мицкоски. Целото обраќање во видеото:

- Реклама -