Мицкоски: Ако Гоце Делчев беше жив, сигурно ќе го прогласеа за антизападен

Ако Гоце Делчев денес беше жив, сигурно ќе беше прогласен за антизападен, ќе беше скандализиран и омаловажуван, затоа што тој е сѐ што денешната власт не е – порача денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ,- Христијан Мицкоски, по повод 118 години од смртта на големиот македонски револуционер.

Според Мицкоски, Делчев е огледало на недостатокот на морал, на патриотизам и на љубов кон Македонија, на власта, и затоа таа се плаши од неговото име.

„Затоа од неговото име се плашат и денес. Затоа што Делчев пред сѐ е љубов, патриотизам, пркос, слобода. Тој е најдобриот син на Македонија!

4 мај не е крајот, туку почетокот на живата легенда, но и завет за Македонија! Слава му!“, порача Мицкоски.

Прочитајте и:  Мицкоски: Очекуваме час поскоро да се стави крај на оваа руска агресија и да можеме нормално да функционираме и да се развиваме

И за премиерот Зоран Заев, Гоце Делчев е синоним на македонската државност:

- Реклама -