Спиењето не треба да ни биде тешко. Ова е функција која луѓето ја прават со илјадници години. Добриот сон е нешто без кој ние неможеме правилно да функционираме. Но сепак, во денешниот начин на живот, сонот може да ни преставува потешкотија, а штом е така значи нешто не правиме како што треба. Еве неколку митови за сонот и факти за нив:
1.Потребно е 8 саати за здрав сон
Потребата за сон е различна кај секого од нас, кај некого повеќе кај некого помалку. Доколку сте хронично ненаспани, тогаш вие заспивате одма штом ќе легнете. Експертите велат дека ни се потребни 15 мин за да заспиеме. Но ако се будите свежи и одморени, тогаш дефинитивно правите нешто што треба. Едно истражување покажало дека лиѓето што спијат помалце од 6 часа, се изложени на зголемен ризик од дијабетис и срцеви напади.
2.Што повеќе спиеш, тоа подобро
Верувале или не, има и премногу сон. Како што постојат луѓе што спијат помалку од 6 часа, така постојат и луѓе што спијат и по 9 до 10 часа. Доколку не ве плаши фактот дека вие 40 проценти од вашиот живот ќе го преспиете, тогаш верувајте им на научниците кои не го подржуваат овој екстремизам.
3.Телевизорот е добар за заспивање
Има разлика помеѓу одмор и разонода. Кога се одмараме, дишењето и работата на срцето се успорува, мускулите се опуштаат, а ништо од ова не се случува додека се гледа телевизија. Да не го спомнуваме и негативното дејство на светлината која го активира мозокот да ви праќа сигнали да останете будни. Стручните совети одат до тој степен, да се изгасат сите електронски направи, еден саат пред да легнете. Во потполен мрак човекот најдобро се одмара.