Митови за мозокот во кои верува секој

Време е за интересен туторијал, кој освен што е научен е премногу забавен. Ви претставуваме  7 митови, за кои веројано „нешто сме слушнале, без да дослушнеме“.

Левaта или десната хемисфера на мозокот ни е  е повеќе активна .

anigif_enhanced-buzz-3142-1382431466-3
Мислиме  дека математичките  способности се дело на „левиот“ дел на мозокот ? А уметничките  заложби на „десниот“? Точно е дека некои делови од секоја хемисфера  се посоодветни за одредени функции. Но никој не ја користи едната хемисфера повеќе од другата .

Користиме  само 10 проценти  од мозокот .

enhanced-buzz-19266-1382432147-13
Ако седиме и не правиме ништо , тогаш користиме многу мал дел од мозокот . Но за 24 часа всушност користиме многу повеќе од 10 проценти.

Пиењето ги убива мозочните клетки .

enhanced-buzz-8137-1382434267-15
Алкохолот може да доведе до промена во мозочната функција и да влијае на мозочните клетки , но умереното пиење не може да ги убие невроните. Долгите години пијанство и честото претерување  со чашката сепак може, па затоа не се препорачува повеќе од една чашка жесток алкохолен пијалок.

Мозоците на мажите и на жените се „програмирани ” различно .

Прочитајте и:  Три најздрави намирници за мозокот, според лекарите

enhanced-buzz-17206-1382432602-9


Иако генерално има разлики во мозоците на мажите и жените , како целина нема што да покаже дека овие разлики се предодредени од старт. И научниците се уште немаат јасна идеја како сето тоа се одразува на однесувањето на различните полови . Истражување , направено во 1992 година покажува дека жените имаат повеќе врски меѓу двата дела на мозокот.

Мозоците ни се „програмирани ” да не натераат да се однесуваме на одреден начин .

enhanced-buzz-15022-1382433188-20
Всушност мозокот не е „програмиран ” за нешто конкретно. Во последните години беше докажано дека мозокот има огромен капацитет и е доволно „пластичен ” , за да се менува, а за тоа се пресудни воспитувањето и социјализацијата.

Не можете да изградите нови мозочни клетки како возрасен .

enhanced-buzz-20160-1382434757-11

Како целина со годините губиме мозочни клетки , но научниците неодамна  открија дека возрасните исто така можат да градат нови мозочни клетки .

Подобро е да имаш поголем мозок.

anigif_enhanced-buzz-28046-1382436610-21

Големината на мозокот не е мерка за интелигенција. Поважно е колку неврони има во него и колку комплексен  е односот меѓу самите клетки.

- Реклама -