Најголемите митови за сончањето

Сончањето е една од најпосакуваните активности во летото. Морска вода, песок и топло сонце е сè што ви е потребно. Но, дали ги знаете сите факти за сончањето?

Чадорот ве штити од УВ зраците

Ова е половичен мит. Да, чадорот ве штити од добар дел од зраците на сонцето, но тоа никако не значи дека под него сте безбедни и не треба да користите средство за заштита. Напротив, песокот на плажа рефлектира близу 20 проценти од зраците кои исто така можат да бидат прилично опасни.

Стаклата на автомобилите штитат од УВ зрачење

И ова е делумен мит. Имено, знаеме дека постојат УВБ и УВА зраци. Стаклата од автомобилите можат да нè заштитат исклучиво од УВБ. УВА зраците се многу агресивни и можат да пробијат преку стаклото. Доколку сте возач, сигурно сте забележале дека левата рака ви е потемна од десната бидејќи таа е поизложена на сонце. Затоа внимавајте при подолги возења и заштите се. Исто така размислете за купување на атестирани затемнети стакла кои ја намалуваат пропустливоста до четири пати.

Ако премногу се заштитиме со крем за сончање, нема да можеме да добиеме витамин D

Ова е најопасниот мит поради кој многумина не се заштитуваат или се заштитуваат несоодветно. Важно е да се нагласи дека дури и при најмоќната заштита, не можете целосно да го спречите УВ продирањето низ кожата. Дури и да ги нанесете најмоќното средство за заштита, зраците повторно ќе пенетрираат во мал дел, а оваа пенетрација е сосема доволна за витамин Д.

Ако е облачно нема потреба од заштита

Дури 80 проценти од зраците ги поминуваат облаците. Можете да завршите со сериозни изгореници на морските плажи и покрај облачното време.

Објавено во соработка со За Здравје.

- Реклама -