Најпознати митови за фитнес

Кога е во прашање фитнесот, односно телесните вежби, можете да слушнете стотина различни совети, од кои добар дел се апсолутно неточни.

1. Ако не се потам значи нешто не правам како што треба

Потењето е показател на водата која ја губите од телото, а не на квалитетот на вежбањето, затоа не посветувајте внимание на ваквите митови.

2. Мускулите можат да се претворат во масно ткиво доколку престанете да вежбате

Ова е многу, многу популарен мит, но е тотална невистина. Зборуваме за две сосема различни ткива, кои се изградени од сосема различни клетки и нема никаков начин да се трансформираат едни во други, а тоа што вас ви се чини е следното:

Доколку вежбате редовно мускулите се шират и зацврстуваат и им е потребна енергија која телото им ја дава од масното ткиво, па затоа мастите се намалуваат, а мускулите се дефинираат. Во спротивно, мускулите остануваат исти, а поради недоволната употребеност, мастите се складираат и доминираат на телото, па нам ни изгледа како мускулите да се претвориле во масти.

Прочитајте и:  Немате многу пријатели? Тоа е „социјално стареење“ и може да биде добро за вашето здравје

3. Стомачните вежби се главни за топењето на стомачното сало

Попусти ќе ви бидат и 1.000 стомачни ако претходно не се потрудите салото да го намалите преку исхраната. Исхраната и течностите помагаат да се намали салото кога се работи за регијата околу стомакот.

4. Доколу не вежбате секојдневно нема да има никаков ефект

Тотална невистина. Многу луѓе немаат време секојдневно да вежбаат па затоа вежбаат трипати неделно по 30 минути и се одржуваат во одлична кондиција, а згора на тоа го намалуваат ризикот од срцев и мозочен удар.

5. Вишокот на сало се топи најдобро во сауна

Во сауна од вас ќе излезе единствено водата. Можеби и некои токсини ќе се најдат во неа, меѓутоа без вежбање, со сауната нема да постигнете никаков посебен ефект.

Објавено во соработка со За Здравје.

- Реклама -