Јога (што значи „единство”) е една од најбрзо растечките и популарни глобални практики поврзани со областа на спортот и одржувањето на здравјето. Според последните пресметки таа има над 250 милиони следбеници во целиот свет, а еве и некои други статистички факти поврзани со јогата:
-70-80 проценти од практикантите се жени, чија просечна возраст е во опсег 35-45 години. -90 проценти од нив имаат завршено високо образование -60 проценти заземаат менаџерски позиции.
А еве и неколку од најголемите митови и заблуди поврзани со јогата, кои во никој случај не се поврзани со реалноста:
Мит: Тоа е древна пракса.
Факт: Современите форми датираат од 20-тите години на минатиот век.
Мит: Јогата настанала како духовна пракса.
Факт: Идејата е вкоренета од античко љубовните практики.
Мит: Преку практикување се постигнуваат чуда.
Факт: Како последица на практикувањето се забележани промени, кои некои луѓе погрешно ги толкуваат како чуда.
Мит: Јогата може да го запире биењето на срцето.
Факт: Можно е да се запре привремено протокот на крв, но не и срцето.
Мит: Практикувањето на јога го зголемува количеството на кислород во телото.
Факт: Брзото дишење го намалува нивото на кислород во мозокот .
Мит: Јогата го забрзува метаболизмот.
Факт: Всушност го успорува.
Мит: Помага за симнување на килограми.
Факт: Одложувањето на метаболизмот, значи дека може да помогне за нивното качување.
Мит: Практикувањето е апсолутно безбедно.
Факт: Ако не се направи правилно јогата може да биде и опасна.
Но, се разбира не сè што е поврзано со јогата е негативно, дел од позитивните резултати поврзани со практикувањето се подигнато расположение, подобрено здравје, подобри интимни односи, и помага на генијалноста, го намалува стресот, го забавува процесот на стареење, ја зајакнува отпорноста на организмот, го подобрува балансот…