Митот за брилијантноста на клучниот тајм-аут

image-170826912[1]NBA. На 8 секунди до крајот, тимот што ја има топката губи со 2 поена разлика. Тренерот свикува тајм-аут, а веќе во следната сцена ги гледаме кошаркарите собрани околу него, додека со викање објаснува некоја полу-разбирлива тактика. Тајм-аутот завршува, кошаркарите продолжуваат со нападот, одработуваат отворен шут за 3 и… победуваат. Инстантно, секој еден што го гледа натпреварот, на тренерот му врачува имагинарна признаница за генијалност.

Исто толку е имагинарна и ваквата ситуација околу клучните тајм-аути. Во реалноста, многу ретко има револуционерни и генијални тактички импровизации како во горното сценарио.

„Во ситуација кога мораш да поентираш, не црташ нешто што тимот го нема претходно извежбано“, вели Мајк О’Корен, американски кошаркарски тренер и поранешен кошаркар. „Она што го црташ на таблата е само повторување на она што момците треба да го прават. Само потсетување“.

И NBA тренерите и NBA кошаркарите исто така се сложуваат дека тајм-аутите ретко се користат за цртање на нови тактики. Наместо тоа, се користат за еден куп други намени, во зависност од ситуацијата на натпреварот.

„Од перспектива на тренер, на нештата гледате технички“, вели Ларон Профит, поранешен НБА играч, а сега тренер за развој во Орландо Меџик. „Каде сме? Што ни прават што мора да го запреме? Што треба да смениме? Како да го прекинеме или продолжиме текот на играта? Од перспектива на играч, најчесто сакаш да се одмориш и да се соземеш.

…Рано во натпреварот, гледаш да ги одмориш момците, или ќе видиш нешто што не ти се допаѓа, или противникот ти прави серија, па одбираш момците да изиграат удобен/извежбан напад, кој го ревидирате за време на тајм-аутот. Се стремиш да одбереш добар напад и да создадеш добар шут и да пробаш да ја спречиш таа серија“.

Во подоцнежните периоди на натпреварот, тренерите уште помалку експериментираат, а уште посигурно е дека ќе постават некој докажан, ефикасен напад.

doc-rivers[1]„Тренерите се грижат за извршувањето на планот многу повеќе отколку за тоа да го изненадат противничкиот тим“, објаснува Профит. „Кога се обидуваш да ги изненадиш, обично ти си тој што завршува изненаден. Без разлика на дизајнот, сé се сведува на способноста на тимот. Ако имаш добри играчи кои знаат како да го извршат планот, имаш добри шанси да успееш“.

Познавачите од NBA често истакнуваат дека клучот е подготвеноста, а не иновацијата, особено во клучните времиња. Тимовите обично ги користат последните неколку сегменти од тренинзите за да вежбаат клучни сценарија и ситуации, кои се сосема типични за последните минути од натпреварите. Со други зборови, важните промени се прават многу порано пред публиката да го посведочи нивниот резултат.

Добрите тренери знаат да додаваат финеси на нивните планови. Играњето на една иста тактика е невозможно, барем не со ефикасен резултат, бидејќи противниците брзо учат и го предвидуваат следниот потег. Затоа, иновативните тренери мораат да додаваат и модифицираат детали, но и тоа е резервирано претежно за време на загревањата и тренинзите.

Дека тренерите и нивните клучни тајм-аути не влијаат којзнае колку драматично врз натпреварите, покажуваат и бројките. Истражувањето на NylonCalculus.com открива дека пост-тајм-аут нападите, во минатите шест сезони, во просек постигнуваат 0.836 поени по напад, што е значително помалку ефективно од регуларните напади, кои во просек постигнуваат 0.885 поени по напад. Ова веројатно се должи на фактот што по дефиниција, пост-тајм-аут нападите започнуваат со „мртва топка“ (од аут), а мртвите топки се најмалку ефикасни во лигата.

„По тајм-аут паузата, секогаш си 5-на-5 против веќе распоредена одбрана“, вели О’Корен. „Одбраната ширум лигата е на ниво, а времето што ти го имаш за да го воспоставиш нападот, противникот го користи за да ја воспостави одбраната“.

the-myth-of-brilliant-nba-timeout-playcalling-body-image-1449517474[1]Анализата исто така ја доведува во прашање теоријата дека АТО („after time-out“) успешноста на еден тим е индикатор за ефективноста на тренерот. Од 2009-2010та, постои солидна статистичка корелација помеѓу целокупната ефикасност на тимот и неговата АТО ефикасност, но податоците покажуваат мала поврзаност помеѓу генералната АТО ефикасност и АТО ефикасноста доцна во натпреварот. Со други зборови, додека добрите напаѓачки петорки обично имаат подобар АТО, тоа не значи дека тимот со ќе биде добар во клучните ситуации кон крајот на натпреварот.

Дополнително, АТО ефикасноста кај тимовите значајно варира од година во година, без некоја забележлива поврзаност со промените на тренерите. На пример, Сан Антонио на Грег Попович беше рангиран на првото место на најефикасни АТО тимови во последните 4 години, но во 2009-2010та Спарси завршија 24-ти, а во 2010-2011та завршија 17-ти. Тоа не значи дека Попович одеднаш станал подобар тренер.

Слични примери има и со Клиперс, и под капата на Вини дел Негро, и под капата на Док Риверс. Вториов важи за еден од подобрите тренери во NBA, додека дел Негро беше критикуван и отпуштен заради немање многу разноврсност и неадекватно планирање на тактиката. Потврда се и Денвер Нагетс, а и Вашингтон Визардс.

Некои ќе пробаат да аргументираат дека овие бројки се должат на клучниот играч, оној кој ја презема одговорноста во најважните и најтешките моменти. Против-аргумент се Мајами Хит, кои не беа многу добри според нивната АТО ефикасност сé до сезоната 2012-2013 – третата сезона на Леброн Џејмс во тимот на Мајами. Кливленд, со Џејмс, беше солиден на полето на АТО статистиката, колабираше кога Леброн си замина, по што Кавалирс стигнаа до 4-тото АТО место кога Леброн се врати. Тоа наведува дека сепак има поврзаност, но како нов против-аргумент ги имаме Бруклин Нетс, кои минатата сезона предводеа во АТО ефикасност, а баш и немаат којзнае колку квалитетен играч кој може целосно да ја преземе одговорноста во клучните моменти.

Сума-сумарум, ништо од ова не зборува дека успешноста во АТО нападите е неважна, се разбира дека им дава на тимовите одредена предност, особено во неизвесните натпревари. Генерално, најдобрите АТО тимови освојуваат повеќе од пола поен по натпревар. Тоа не звучи како многу, но во текот на сезоната од 82 натпревара, завршува како битна разлика од една или две екстра победи.

Затоа, следниот пат кога ќе помислите да пофалите одреден тренер заради клучната игра што ја нацртал во последниот тајм-аут, сетете се дека вашето признание оди на погрешно место. Да, тренерот заслужува секаква пофалба за креирање на тактика и поставување на игра што неговиот тим ја има добро извежбано, како и играчите за спроведување на истата во поени, но ако барате иновација, подобро е да погледнете во друг правец, на пример во овој:

4_1_VPL3025Mascot[1]

- Реклама -