Мит или вистина? Приказната за најубавиот гол на сите времиња

pele2

Некои велат дека е така, другиве не веруваат. Проценете сами!

Едсон Арантес Насименто е роден на 23 октомври 1940 година во бразилскиот град Трес коракос, што во превод значи три срца. Градот се наоѓа во државата Минас Жеирас, но тој порасна во градот Бауру во државата Сао Пауло. Првиот прекар му беше Дико, но за време на школувањето, поради неправилно изговарање на името на неговиот омилен фудбалер, голманот Васко да Гама Биле, го заработи и прекарот  по кој сите го знаеме – Пеле.

Во текот на своето образование, играше во неколку аматерски тимови: Сетембро, Канто до Рио, Со Паулињо, Америкиња, додека со јуниорите на фудбалската селекција на спортскиот клуб Бауру освои три последователни државни титули, 1954, 1955 и 1956 година. Покрај тоа, во опкружувањето има освоено неколку титули со футсал тимот Радиум. По третата титула со тимот на Бауру, тренерот Валдемар де Брито одлучи да го однесе Пеле во Сантос, индустриското пристаниште во близина на Сао Паоло, за да се обиде да се избори за договор со еден локален професионален клуб. Тој го направи своето деби против Коринтијас Санто Андре на 7 септември 1956 година, со нешто помалку од 16 години.

Сантос постигна седум голови, а Пеле својот првенец, од вкупно 1281 голови во неговата кариера, што е исто така рекорд. Еден од неговите голови до неодамна имаше статус на мит и легенда. Датумот беше 2 август 1959 година, се играше натпревар во рамките на шампионатот Паулиста. Сантос играше против екипата Атлетико Јувентус. Многу подобри од противникот, екипата на Сантос водеше со 3:0, кога следеше моментот на магија и мистерија. Зошто мистерија? Затоа што околу 5000 гледачи, колку што според информациите биле присутни на натпреварот, тој гол на Пеле го опишаа како „најдобар на сите времиња“. За жал, недостаток на камери за да го снимат тоа. Сепак, неколку децении подоцна, развојот на технологијата овозможи компјутерска симулација врз основа на изјавите на сведоците кои боле присутни на тој натпревар. Можеме да речеме дека вакво нешто може да изведе само еден волшебник…

Најдобрите 10 гола (за кои има видео запис)…

- Реклама -