Учебниците по биологија од 19 век биле доста интересни и по малку вознемирувачки, дури и во описот на безопасни животни.
Сега уметникот и студент на биологија Сајмон Де Рош создал нешто уште поинтересно, натуралистички профил за митолошки суштества како змејови со соодветен зоолошки жаргон. Де Рош во моментов проучува гуштери во Ново Мексико а ова го создал за уметнички проект.
Draco familiaris
„Со дива популација проценета на околу 500 единки Обичниот Змеј е „чест“ но повлечен рептил. D. familiaris потекнува од умерените зони во северната хемисфера но бил претставен во јужен Нов Зеланд во втората половина на 19 век.“
Gryps aquilio
„Најчестиот вид на традиционалниот Орел Лав Грифин. Поретки форми се Гавран Пантер Грифинот Gryps corvuspanthera, и Буврис, Gryps strigilynx, помеѓу другите. Многумина веруваат дека сите форми на грифин потекнуваат од хибридизација помеѓу припадници на Aves и Carnivora (особено Felidae).“
Draco ingens
„Последната личност која опишала јајце на Draco ingens била мадам Луситрикс Белмонт во 1649. Нејзиниот сопруг го зготвил јајцето по што целото семејство умрело од труење по јадење на жолчката која содржи високи количини на сулфурна киселина.“
Coma glacies
„Овој вид покажува најнапредна форма на псевдо-ендотермија кај змејовите: форнакс органот, кој функционира како дел од системот за плукање оган кај повеќето змејови тука служи како генератор на топлина, ефективно загревајќи го телото на организмот од внатре.“