Близнаците знаат да се толку слични што понекогаш се граничат и со бизарност. А што ако едно цело село се близнаци?
Кодини во Индија е баш такво. Селото има неверојатно висока годишна стапка на родени близнаци. Од вкупно 2000 жители, близнаци се 204 пара, а секоја година се раѓаат, во просек, по 15 нови парови.
Оваа чудна карактеристика на селото е тотално изненадувачка кога ќе се земе во предвид дека Индија има меѓу најниските стапки на родени близнаци во целиот свет.
На секои 1000 родени во Кодини, 45 се близнаци. Во остатокот од Индија, на секои 1000 родени, само 4 се близнаци.
Дури и оние жени и мажи што се мажат/женат надвор од семејните рамки на селото, пријавуваат висока стапка на родени близнаци.
Во селото има близнаци од секоја возраст.
Феноменот одамна ги фасцинира научниците, но тие сеуште немаат одговор што е причината за ваквата исклучиво чудна појава.
Од друга страна, тие открија нешто друго. Верувале или не, истражувањата покажуваат дека стапката на родени близнаци во селото се повеќе расте!
Селаните сметаат дека почетокот на ваквата бизарност датира од 1949, но немаат ништо повеќе да додадат на таа претпоставка.
Има ли нешто во водата? Во воздухот? Не се знае. Ама Кодини личи на среќно село.