Со помош на сателитските снимки на Google Earth, наскоро археолозите во Брaзил ќе бидат во можност да најдат се повеќе и повеќе геометриски цртежи втиснати на тлото од Амазонската дождовна шума. Геоглифите се верува дека се создадени од луѓето од Амазонскиот регион пред 700 години, а нивната намена и цел сè уште не се познати.

Досега, беа идентификувани речиси 300 геоглифи, но со напредната сателитска технологија и зголеменото дефорестизација на џунглата, научниците се надеваат дека ќе откријат уште од овие необични, геометриски цртежи. Стотици кругови, правоаголници и други геометриски облици кои порано биле сокриени од амазонските шуми денес сведочат за постоењето на досега непозната стара цивилизација, вели една нова студија.
Овие структури се длабоки и по 4 метри, вдлабнатините се долги и по 12 метри , а се верува дека биле направени додека местата биле прекриени со густа џунгла, што сигурно го отежнувало нивниот настанок. Еден од главните фактори за тоа што многу геоглифи останаа досега незабележани е нивната големина – која според истражувачите изнесува повеќе од 1,6 километри во дијаметар.
Новите сателитски снимки кои биле правени од 1999 открија повеќе од 200 геометриски структури во радиус поголем од 250 километри. Истражувачите пресметале дека нивната бројка би можела да биде 10 пати поголема. Еден од геоглифите беше датиран околу 1283 н.е. година, додека некои други би можеле да бидат датирани назад во 200 или 300 година н.е.
Заради тоа што тешко е да се забележат од копно, првите геоглифи не беа откриени се до 70-тите. Оттогаш, научниците се обидуваат да дојдат до сознанија какво значење би можеле да имаат тие за старите Амазонци. Каква и да е нивната намена едно е сигурно – старите цивилизации од дождовната шума биле побројни и пософистицирани одошто се мислеше порано.