Познатиот супермодел ги почестила своите обожаватели со топлес фотографија.
Иако од неодамна се разведе од актерот Орландо Блум, кој од неодамна е во врска со 24-годишната актерка Нора Арнезедер, Миранда Кер покажа дека и понатаму е неизмерно секси.
Само ден по објавувањето на мистериозниот букет од розеви рози, веројатно од некој обожавател, 30-годишниот модел објавила фотографија во топлес издание на својот Инстаграм профил.
Истиот ден убавицата е прогласена за нов заштитен знак на H&M, а видена е во црн капут, црно-бела маица и тесни фармерки. Целиот стајлинг е надополнет со очила за сонце и црна Хермес чанта.