Мистериозни фотографии што немаат објаснување

Низ годините, фотографијата располага со материјали што се сметаат за вистинска мистерија. Некои од овие кадри се познати низ целиот свет, но и покрај тоа, ние уште немаме пронајдено одговори на прашањата како се појавиле, или пак, каде исчезнале.

Морско чудовиште фотографирано во близина на брегот на островот Кука (март 1965)

1

На денешен ден, не би имале сомнеж дека ова е само фотошоп. Но во 1965 година, кога францускиот фотограф Роберт ле Серек го снимил гигантското морско чудовиште, таков изум не постоел. Чудовиштето предизвикува многу контроверзии меѓу зоолозите.

Непознатиот бунтовник (5 јуни 1989)

2

Фотографијата е направена за време на немирите на плоштадот Тјенанмен во Пекинг во јуни 1989 година. Невооружен човек во текот на половина час сам стои пред колона од тенкови. Идентитетот и судбината на човекот остануваат мистерија. Но, сликата е објавена во речиси сите големи списанија во светот, а непознатиот бунтовник стана симбол на отпорот на власта.

Хируршката слика на чудовиштето од Лохнес (објавена на 21 април 1934)

3

Колку длабоко можат да се поврзат митовите и фотографијата? Таканаречената хируршка слика на чудовиштето од Лохнес го означи почетокот на вистинска манија за пребарување на чудовиштето. Таа е фотографирана од страна на хирургот д-р Вилсон, кој тврди дека гледал во езерото кога одеднаш го видел чудовиштето. Тој ја грабнал камерата и направил пет слики. Откако го извадил филмот, само две експозиции биле јасни. Првата слика покажува мала глава и грб. Втората нејасна слика привлече помалку публицитет. Уште од 1975 година за фотографијата се зборува како за фалсификат. Што е она на неа, и ден денес останува мистерија.

Жената (22 ноември 1963)

4 4a

На 22 ноември во Далас (Тексас) е застрелан 35-тиот претседател на САД, Џон Кенеди. При анализата на фотографиите направени на местото на злосторството, експертите обрнале внимание на една мистериозна жена со светло кафеаво палто и шамија. Таа се појавува на многу слики и речиси секогаш држи фотоапарат. Агентите на ФБИ ја бараат жената долго време, но никој не може да ја пронајде. Многумина заговарачи сметаат дека се работи за патување низ времето.

Мобилен телефон во филм на Чаплин (1928 година)

5

Видео на YouTube со извадок од стар филм со Чарли Чаплин ги натера луѓето да се прашуваат и во овој случај, дали постојат патници низ времето. Во филмот една жена шета по улица и ја држи раката во близина на своето уво. Жената се чини како да држи нешто во раката, што наликува на мобилен телефон од овие денови. Филмот е снимен во 1928 година.

- Реклама -