Еве еден мал експеримент: Најдете широк отворен простор, ставете превез преку вашите очи и обидете се да одите во права линија. Што ќе се случи?
{youtube}dYcvLw_jkkk{/youtube}
Зошто, кога не гледаме, не можеме да одиме во права линија? Никој сè уште не успеал да го одговори ова прашање. Јан Соуман, научник од Германија, минатата година направил неколку обиди да открие што стои зад оваа појава. Како и Аса Шејфер, и Соуман им ставил превези на неколку луѓе, и им рекол да се обидат да одат во права линија до еден час. Овој експеримент бил правен во Сахара, бил правен и на плажи, и секој пат, субјектите не можеле да одат во права линија.
Соуман го направил истиот експеримент и во шумата Биенвалд во Германија, само без превези. Додека луѓето оделе низ шумата, Јан ги мапирал нивните патеки, еве го резултатот:
Црвените точки се стартните точки. Оваа форма на експериментот тој ја извел во тек на неколку дена. Кога небото било облачно, и видливоста била мала (сините линии), тројцата субјекти (обележани како KS, PS и RF) не можеле да одат право и почнувале да кружат. Кога било сончево (жолтите линии), еден од субјектите (SM) успеал да одржи релативно права линија на одење. Ние луѓето, очигледно, почнуваме да вртиме кругови кога немаме некоја точка за ориентација, како планински врв, сонце, месечина. Кога немаме ваква точка нашиот организам презема целосна контрола и нешто во нашето тело не ни дозволува да одиме право.
Но зошто? Можеби ова е слична појава како онаа која одредува која рака е доминантна? Или можеби ова е одраз на различните нивоа на допамин кои се лачат во левата и десната половина на мозокот? Или можеби причината е многу едноставна, повеќето луѓе имаат мала разлика во големината на левата и десната нога, или посилни екстремитети на едната страна, и оваа мала разлика се забележува при поголем број чекори?
Јан вели дека сите овие претпоставки се грешни. Тој ги тестирал сите три, и не ги добил очекуваните резултати. Очигледно не постои едно единствено објаснување за овој феномен, и во моментов работи на теорија која ќе опфати повеќ причини. Па, прашањето кое секој човек несомнено си го поставува е: Како е можно да одиме во круг без да бидеме свесни за тоа? [A Mystery: Why Can’t We Walk Straight?]