Понекогаш животот е посложен отколку што изгледа на прв поглед. Да земеме за пример две прашања поставувани на Калифорнискиот универзитет во Лос Анџелес.
Прашање број 1
Ако се судрите со бремена жена која има 5 деца, од кои две се глуви, едно – слепо, едно – ментално заостанато, уште едно умрело од болест, а самата жена е болна од туберкулоза, нема ли да ја советувате да направи абортус?
Прашање број 2
Треба да изберете нов светски лидер иго имате решавачкиот глас. Кандидатите за функцијата се тројца:
Кандидат број 1 – Првиот комуницира со корумпирани политичари, се советува со гатачи и астролози, ја изневерува редовно жена си, пуши нон-стоп и пие 8-10 чаши мартини секој ден;
Кандидат број 2 – два пати е прогонуван од функцијата, спие до пладне, и пие по околу литар виски секоја вечер;
Кандидат број 3 е носител на боречки признанија, вегетаријанец е, не пуши, пие ретко пиво и никогаш не ја изневерил партнерката. Кого од тројцата ќе одберете?
Oдговорите се наоѓаат под сликата.
….
#1
Ако ја одведете жената од првото прашање да направи абортус, алал да ви е, штотуку го убивте Бетовен!
#2
Кандидат број 1 е Френклин Делано Рузвелт.
Кандидат број 2 е Винстон Черчил.
Кандидат број 3 е Адолф Хитлер.