Мисли од Шон Конери: Некои стареат, други едноставно стануваат помудри

d8a3c0ee40b509ee3f4b2c6f844ea08a[1]

Шон Конери, или да бидеме попрецизни – Сер Томас Шон Конери – е роден на 25 август 1930 година во Единбург, Шкотска. Дури и премногу рано се прославува со улогата на Агентот 007 во филмот на Теренс Јанг „Dr. No“ од 1962 година, по што цели 20 години останува „заглавен“ во ликот, учествувајќи во шест од најуспешните суперпродукции за Џејмс Бонд.

Следат голем број на успешни улоги, меѓу кои и The Name Of The Rose (1986), The Untouchables (1987), Indiana Jones and the Last Crusade (1989) и многу други, меѓу кои и познатиот The Rock (1996).

Доволен е еден поглед на ликот на Шон Конери, и ќе се сретнете со поглед што делува итро и проникливо, поглед што „видел работи“. Во продолжение следуваат неколку негови цитати што ќе го оправдаат ова наше тврдење:

„Некои стареат, други едноставно стануваат помудри. Прашање на избор.“

„Вие го нарекувате среќа, јас го нарекувам судбина.”

„Досега не сум нашол такво место во светот, на кое сакам да останам засекогаш. Најдобро во животот е движење, промена. Не можам да дочекам да заминам“.

„Додека ентузијазмот во тебе е жив, и ти си жив.“

„Нема друг таков предизвик како тоа да го извадите најдоброто од еден човек.“

„Најтешкото нешто од кое треба да се откажеш, се привилегиите.“

„Без страв нема вера. Зашто без страв од злото, нема да има потреба од вера во доброто.“

„Љубовта можеби го врти светот, но морам да признаам дека му дава смисла на патувањето (вртењето).“

„Ги сакам жените. Не ги разбирам, но ги сакам.“

„Човек кој не се плаши од ништо, не сака ништо. А ако не сакаш ништо, каква радост можеш да извлечеш од животот?“

„Ништо не го вади на површината најдоброто кај еден човек како што тоа го прават предизвиците на животот.“

„Не чекај нешто да се случи. Не посакувај нешто да се случи. Просто гледај што навистина се случува.“

„Можеби и не сум добар актер, но јас би бил уште полош ако требаше да правам нешто друго.“

„За да постигнеш било што во животот, треба да си малку асоциален. Во спротивно ќе бидеш проголтан од масата.“

Па, да те прогласат за витез и да добиеш титула „Сер“ – веројатно значи дека си го извадил најдоброто од себе.

- Реклама -