Затвореникот Гонсало Монтоја Хименес бил официјално прогласен за мртов од тројца доктори, ама ете, неколку часа пред аутопсијата во Институтот за форензика забележале дека е жив.
Монтоја – затвореник во северна Шпанија, веќе бил преместен во мртовечницата, а неговото тело подготвено за обдукција. Форензичарите сфатиле дека затворските доктори направиле грешка откако 29-годишникот почнал да ‘рчи на обдукциската маса.
Во моментов, затвореникот се наоѓа на интензивна нега во болница во Овиедо. Се освестил по 24 часа, демантирајќи ги стравовите на докторите дека дошло до оштетување на мозокот – прво што направил е што прашал за сопругата.
Се смета дека причината за ваквиот бизарен настан е каталепсија – состојба која се карактеризира со необично долго задржување на делови од телото во иста положба, губење на чувството за болка и забавување на телесните функции, меѓу кои и дишењето.
Семејството на Монтоја потврдува дека тој страда од епилепсија, но се сомнева дека додека бил во затвор не ги добивал редовно потребните лекови.