Мисла на денот: За стариот фенерџија

Во далечните времиња, кога сè уште немало струја, уличните светилки се палеле рачно.

Имало еден низок старец-фенерџија кој ги обиколувал улиците секоја вечер, палејќи ги со кибриче фенерите во секое ќоше.

Тој немал семејство и бил од оние тивки и незабележителни луѓе кои околните ги игнорираат. Децата му се потсмевале и го нарекувале „џуџе“, а возрасните го мислеле за чудак, бидејќи излегувал надвор, едвај доцна во ноќта. Секој пат кога ситниот фенерџија палел кибритче, тој се смалувал.

Еднаш кај него дошол еден од ретките луѓе кои го забележувале и знаеле што прави, и го прашал:

– Слушај, зошто продолжуваш? Го скратуваш животот, за да правиш добро, а во замена добиваш само навреди.

– Ако не палам фенери, луѓето ќе останат во темнина, одговорил старецот. – А тоа е лошо! Замисли како некој се обидува навечер да стигне до дома, но нема светлина и се наоѓа на ракрсница цела ноќ низ улиците. А кога е светло, ќе се врати жив и здрав дома и внатре во душата ќе ми каже „Благодарам”. Тоа ми е доволно.

И тој продолжил да ги пали уличните фенери и да се смалува ден по ден, додека конечно не исчезнал сосема. Никој не забележал дека исчезнал. Но сите забележале дека е темно.

Мисла на денот

- Реклама -