Си живеел еден татко кој имал две ќерки. Едната била омажена за градинар, а другата за човек кој што градел куќи.
Еднаш таткото отишол кај жената на градинарот и ја прашал како оди животот.
– Се е во ред – му рекла таа. – Имам само една желба: да падне силен дожд, за да расцветаат убаво растенијата на мојот сопруг.
Следниот ден мажот отишол кај другата ќерка. Ја прашал и неа како е семејниот живот. Таа исто така била задоволна и имала само една желба: да не врне дожд, за да можат тулите на нејзиниот сопруг да се исушат.
Таткото не рекол ништо и си размислувал за различните потреби на луѓето.
Мисла на денот: Она што за едни е среќа, за други е несреќа.