Еден човек си одел по патот кога одеднаш видел тројца работници кои пренесувале камења.
Го прашал првиот: Што правиш?
– Заработувам пари, му одговорил тој.
Потоа го прашал вториот: Што правиш?
– Ги поместувам овие проклети камења, одговорил вториот.
На крајот го прашал и третиот: Што правиш?
– Градам прекрасен храм.
Сите работници ја делеле истата работа.
Mисла на денот