Еден ученик го прашал својот учител:
– Учителе, што би ми кажал, ако некогаш дознаеш за мој пораз, дека сум доживеал катастрофален пад и разочарување?
– Стани!
– А ако се случи повторно?
– Стани!
– И до кога може да продолжи така, да паѓам и да бидам распарчен, а потоа да се подигам од дното?
– Додека си жив! Единствено мртвите не можат да станат кога се паднати.
Мисла на денот