Мисла на денот: Приказна за двајцата браќа

Двајца браќа работеле заедно во семејната фарма. Едниот бил женет и имал многу деца, а другиот бил сам. На крајот на денот двајцата браќа го делеле спечаленото подеднакво – профитот и плодовите на трудот.

Еден ден осамениот брат помислил:

– Не е фер да го делиме спечаленото подеднакво. Јас сум сам и немам потреба од многу.

Затоа секоја вечер земал по една рака жито од својот куп, и ја фрлал во купот на неговиот брат.

Во меѓувреме, семејниот брат помислил:

– Не е фер да го делиме спечаленото подеднакво. На крајот на краиштата, јас сум оженет и имам жена и деца, кои ќе ме гледаат на старост.

Затоа секоја ноќ земал по една рака жито и ја фрлал во купот на братот.

Секоја година браќата се чуделе зошто резервите од жито не се намалуваат. И тогаш, една темна ноќ, двајцата се соочиле еден до друг. Претпоставиле што правеле толку долго време. Ги пуштиле вреќите и се прегрнале.

 Мисла на денот

 

- Реклама -