Мисла на денот: Приказна за душите

Еднаш еден богат човек решил наместо да ја исфрли вреќата со ѓубре во контејнер, да ја фрли пред нозете на бездомникот кој често просел пред неговиот дом.

Сиромавиот, облечен со партали, се насмевнал и очите му заблескале. Тргнал задоволен и ја зел со себе вреќата полна со ѓубре. Ја испразнил во контејнерот и потоа застанал крај една бавча, ја поземјил ја и наполнил со цвеќиња кои растеле во близината.

Се вратил кај богатиот и му ја вратил торбата во рацете. Богатиот гледал воодушевен и едвај проговорил:

– Зошто ми даваш прекрасни цвеќиња, откако јас ти дадов само ѓубре ?!

Сиромавиот едноставному рекол:

– Затоа што секој човек го дава она што го носи во своето срце.

- Реклама -