Еден човек прашал еднаш еден мудрец:
– Која е вашата тајна?
Тој одговорил:
– Јас живеам нормален живот – тоа е мојата тајна. Јас јадам кога јадам, спијам, кога спијам, и работам, кога работам.
Човекот останал збунет:
– Но, јас не гледам ништо посебно во тоа.
Мудрецот рекол:
– Во тоа е целата суштина. Нема ништо посебно.
Човекот продолжил да прашува зачудено:
– Но, сите го прават тоа: јадат, кога јадат; спијат кога спијат …
Мудрецот се насмеал и рекол:
– Не. Кога јадете, вие правите илјади работи одеднаш и затоа ниту една не умеете да ја направите до совршенство: мислите, сонувате, замислувате, се сеќавате… Јас само јадам, кога јадам. Тогаш постои само храната и ништо друго. Кога одам, одам и се насладувам на прошетката. Постои само прошетката – и ништо друго!
Умеете ли и вие да уживате во моментот, и да останете таму?
Мисла на денот