Имало еден остров на кој живееле сите чувства. Среќата, тагата, знаењето и сите останати, вклучувајќи ја и љубовта.
Еден ден на чувствата им било соопштено дека островот ќе потоне, па затоа сите ги подготвиле своите чамци за да заминат. Повеќето го напуштиле островот по неколку часа, а малкумина останале до самиот крај.
Кога островот бил речиси готов, љубовта одлучила да побара помош во некој од чамците на другите емоции, бидејќи таа немала свој.
Богатството поминало покрај Љубовта … Љубовта рекла:
– Богатство, земи ме со себе.
– Не можам – одговорило Богатството … – Имам многу злато на бродот и нема место за тебе.
Љубовта одлучила да побара помош од суетата, која исто така поминала со прекрасен брод:
– Суета, те молам помогни ми.
– Не можам да ти помогнам, Љубов, целата си мокра и можеш да го оштетиш бродот. – одговорила суетата.
Тагата била во близина, па затоа Љубовта ја замолила:
-Тага, дозволи ми да побегнам со тебе.
– Не можам, Љубов. Толку ми е тажно, што имам потреба да бидам сама.
Среќата исто така поминала покрај Љубовта, но била толку среќна, што дури не ја слушнала љубовта како моли за помош.
Одеднаш се чул глас:
– Дојди, љубов, јас ќе те земам со себе!
Гласот бил на непознат постар човек. Љубовта била толку возбудена и среќна што заборавила да праша за неговото име. Кога пристигнале на тлото, тој продолжил по патот. Љубовта сфаќајќи колку многу му должи, го прашала странецот:
– Кој ми помогна?
– Ти помогна Времето – одговорил тој.
– Времето? – се зачудила Љубовта, – Но, зошто Времето ми помогна?
– Бидејќи само Времето е способно да разбере колку е голема Љубовта!
Мисла на денот